КУЛТУРНО-ИНФОРМАТИВEН ЦЕНТАР НА РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА ВО СОФИЈА

  • Македонски
  • Български

Книгата „Човечулец“ од Александар Прокопиев на Единаесеттата Европска Ноќ на Литературата

Центар за уметности „Арт лабораторија“, ул. „Ивајло“ бр. 1, Софија
7 Sep 2022 - 18:00

На 7 септември 2022 од 18:00 до 21:30 часот во 18 градови низ Бугарија ќе се одржи „Европската ноќ на литературата“, која ќе ги собере љубителите на европската литература за единаесетти пат.

Настанот има за цел да ја популаризира добрата европска литература преку литературни читања на нестандардни места, во таканаречените „читателски гнезда“, во кои познати личности читаат еден ист дел од книга на секои 30 минути - од 18:00 до 21:30 часот. Публиката има можност да ги менува местата каде се читаат делови од различна литература и да се запознае со современото творештво на различни европски автори.

Организатори на настанот се амбасади и културни центри во Бугарија: Австриска амбасада, Амбасада на Белгија, Гете – институт, Амбасада на Данска, Амбасада на Ирска, Институт Сервантес, Италијански културен институт, Британски совет, Полски институт, Институт Камоеш, Амбасада на Романија, Културно-информативниот центар на Република Северна Македонија, Амбасада на Словенија, Амбасада на Украина, Институт Лист, Чешки центар, Амбасада на Швајцарија и Амбасада на Шведска, а исто така и: Европска комисија, Општина на главниот град Софија и фондација „Детски книги“.

Читателското гнездо во Софија на Културно-информативниот центар на Република Северна Македонија во Софија ќе биде во Центарот за уметности „Арт лабораторија“ на ул. „Ивајло“ бр. 1.

На единаесеттото издание на „Европската ноќ на литературата“ ќе биде претставена книгата „Човечулец“ од македонскиот писател Александар Прокопиев. Оваа збирка раскази излезе во превод на бугарски јазик оваа година, во издание на издателство „Книги за сите“.  Преводот од македонски на бугарски јазик го направи Деница Проданова, а во читателското гнездо во Софија делови од книгата ќе читаат актерите Ѓорги Георгиев – Антика и Игор Дамјанов.

 

Александар Прокопиев

ЧОВЕЧУЛЕЦ

(бајки од левиот џеб)

Оригинален, со чувство за хумор и интелектуален, автор за сите поколенија, Александар Прокопиев напишал шармантна и духовита книга која ќе не придобие и ќе ни даде уникатно доживување како читатели.

Тој раскажува за вината и простувањето, за тежината на победите и поразите. Неговите сижеа преплетуваат современи случувања со приказни, легендарни и митолошки митови. Така писателот прави свои интерпретации на „Дивите лебеди“ и „Снежана“ или ни покажува светот преку погледот на грозното вонбрачно дете, на човек со едно крило кој се претворил во цар на птиците, на странец кој опитомил змијче, на алхемичар кој се обидува да создаде човече во стакленица.

Роден 1953 година во Скопје, Александар Прокопиев завршува Компаративна книжевност и теорија на литературата. Тој го олицетворува постмодернистичкиот флуид во Северна Македонија. Има издадено дваесетина книги, преведуван е на многу јазици. Името му е споменато во Енциклопедијата на Сорбоната Les Lettres Europeanennes заедно до имињата на Орхан Памук, Херта Мјулер, Елфриде Јелинек. Арт директор е на Меѓународниот литературен фестивал PRO-ZA Balkan, член е на Македонскиот ПЕН и на Друштвото на независни писатели.

Повеќе за „Европската ноќ на литературата“, читателските места и друга информација можете да најдете на: https://noshtnaliteraturata.com/

 

 

 

Share

Настани

За КИЦ на РСМ

E-mail: rmkic@yahoo.com

тел.: + 359 2 946 1492

ул. „Обориште“ 7, 1504 Софиja

Билтен

За информации и настани од сајтот

СИГУРНОСТ
Потврдувањето докажува дека сте реален корисник.

Календар

S M T W T F S
1
 
2
 
3
 
4
 
5
 
6
 
7
 
8
 
9
 
10
 
11
 
12
 
13
 
14
 
15
 
16
 
17
 
18
 
19
 
20
 
21
 
22
 
23
 
24
 
25
 
26
 
27
 
28
 
29
 
30
 
31