Културно-информативните центри на двете држави се формирани како резултат на Спогодбата помеѓу Владата на Република Северна Македонија и Владата на Република Бугарија за основање на Културно-информативен центар на Северна Македонија во Софија и Културно-информативен центар на Бугарија во Скопје (потпишана на 18 април 2003).
Во Спогодбата е утвредено меѓу другото дека Културно-информативните центри ќе може да ги вршат следните дејности:
а) да организираат во своите простории библиотека и читална; научни информации од својата земја;
б) да издаваат или увезуваат публикации од својата земја;
в) да прикажуваат филмови во и надвор од своите простории,
со посредство на институциите надлежни за тоа во земјата
домаќин;
г) да организираат во своите простории литературни, научни и други предавања проследени, според потребата, со визуелни илустрации или музички изведби;
д) да организираат во своите простории изложби на фотографии, цртежи, плакати, книги, оригинални уметнички дела или репродукции;
ѓ) да даваат информативни услуги на заинтересираните граѓани на двете Договорни страни, како и на граѓани на трети држави;
е) да објавуваат и да дистрибуираат информативни билтени, за настаните и манифестациите организирани од страна на Културно-информативните центри. Информирањето подразбира и користење модерни комуникациски технологии, итн.
Културно-информативниот центар на Република Северна Македонија во Софија, официјално е отворен на 27 април 2005 година.