Република Северна Македонија се наоѓа во Југоисточна Европа, во центарот на Балканскиот Полуостров. Значењето на географската положба на Северна Македонија, како централна балканска држава која се граничи со четири држави, различни по својот стопански потенцијал и развиеност, е што тие се упатени на меѓусебна трговска размена и дополнување на нивните економии, токму преку територијата на Северна Македонија.
Население 2.022.547
Површина:
вкупна површина: 25.713 км2
водна површина: 477 км2
земјена површина: 24.856 км2
Граници вкупно: 766 км
соседни земји: Албанија 151 км; Бугарија 148 км; Грција 246км; Србија 221 км.
Главен град Скопје (население:467.257)
Скопје Скопје
Други поголеми градови: Куманово (103.205), Битолa (86.408), Прилеп (73.351), Тетово (70.841), Велес (57.602), Охрид (54.380), Гостивар (49.545), Штип (47.796), Струмица (45.087), Кавадарци (38.391), Струга (36.892), Кочани (33.689), Кичево (30.138), Радовиш (24.498).
Охрид Охридско Езеро
Битола Штип
Од вкупното попишано население во Република Северна Македонија, од 2.022.547 жители, Македонци се 1.297.981 или 64,18 проценти, а Албанци има 509.083 или 25,17 проценти. Турци има 77.959 или 3,85 проценти, Роми 53.879 или 2,66 проценти, Власи 9.695 или 0,48 проценти, Срби се 35.939 или 1,78 проценти, Бошњаци има 17.018 или 0,84 проценти, додека 20.993 лица од вкупното население се изјасниле дека се припадници на другите заедници.
Знаме на Северна Македониja Грб на Северна Македониjа
* Превземено од www.vlada.mk
За информации и настани од сајтот