КУЛТУРНО-ИНФОРМАТИВEН ЦЕНТАР НА РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА ВО СОФИЈА

  • Македонски
  • Български

Визуелни уметности

Од започнувањето со работа на Управата за заштита на културното наследство во 2005 година, истата пeрманентно се грижи за правната заштита, недвижното, движното и нематеријалното културно наследство.

Низ изминатите години голем број на стручни лица ги вложиле своите напори, знаења и ентузијазам, во зачувувањето и валоризирањето на културното наследство на Република Северна Македонија како траен залог за наредните генерации.

Но, секоја институција има свои нагорни линии и падови. Понекогаш во добра намера се застранува од базичната идеја за успеш...

Веќе афирмираната генерација на ликовни творци беше иницијатор за основање на уметничка школа во Скопје. Президиумот на АСНОМ го прифати предлогот на ликовните уметници на Македонија за основање на Државна художествена школа во Скопје со два отсека: художествен и учителски.

Со донесувањето на одлуката, на ден 01.12.1944 година повереникот за народна просвета Епаминонда Попандонов донесе решение за назначување на Никола Мартиноски за директор на школата. За предавачи беа назначени: Лазар Личеноски, Борко Лазески, Димитар Тодоровски, Василие Поповиќ-Цицо, Тома Владимирски и Здравко Блаж...

Друштвото на ликовните уметници на Македонија официјално е формирано во 1946 г. Неговата антиципација и континуитет датираат од 1929 г., кога во рамките на Вардарска бановина било формирано “Друштвото на југословенските ликовни уметници“. Во 1930 г. кон него ќе се приклучи и новото друштво “Јефимија“ кое од 1933-1941г. ќе ја преземе изложбената дејност на ДЈЛУ. Во овој период ќе излагаат и повеќе уметници кои подоцна ќе станат основоположници намакедонската модерна уметност: Димитар Андонов-Папрадишки, Никола Мартиноски, Лазар Личеноски, Василие Поповиќ-Цицо, Љубомир Белогаски, Вангел Коџом...

Факултетот за ликовни уметности при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје е формиран во 1980 година. Сместен е во три објекти на две различни локации, од кои едниот дел се наоѓа во културно-историскиот споменикод 15 век Сули-ан во Старата турска чаршија, а другите два објекта се лоцирани во населбата Тафталиџе. Во текот на 33-годишното постоење, редовните додипломски студии ги завршија 1134 студенти, а постдипломските студии ги завршија 158 студенти.

ПОВЕЌЕ ОД ПОЛОВИНА ВЕК – секојдневно континуирано создавање културни вредности, конзументи, “зависници“ на создадените вредности, промовирање и афирмирање на македонската култура и уметност во Европа и светот:

МУЗИКА – на сцената на првиот и единствениот камерен простор, култниот “Салон 19’19“ и ширум Македонија и Европа, организирани и координирани повеќе од  2 000:  камерни концерти, рецитали, џез концерти, носачи на звук, I ФЕСТИВАЛ НА ЦРКОВНО ИСТОЧНО ПЕЕЊЕ…

ТЕАТАР  – на сцената на култниот “ Салон 19’19 “:  драмски претстави, комедии, монодрами, дуодрами, детски драмски студ...

Музејот на современата уметност е најкомпетентна и најзначајна институција во Република Македонија во откривањето, негувањето и ширењето на високите вредности што се создаваат во уметноста и културата на нашето време.

Тој располага со драгоцена меѓународна колекција и дава репрезентативен увид во македонската современа уметност.

Покрај колекцијата, Музејот во своите простори организира и претставува врвни изложби и манифестации на македонската и странската уметност, разговори со уметници, трибини, филмски и видео проекциии, предавања и разни други придружни активности.

Вистинските чекори во уметноста беа направени во некогашната Уметничка галерија а подоцна преименувана како НАЦИОНАЛНА ГАЛЕРИЈА НА МАКЕДОНИЈА. Таа има најзаслужно и единствено место во развојот на современиот и млад македонски ликовен израз. Во нејзината работа се инсистираше на современа и јасна ликовна концепција за поквалитетен и поистанчен начин на презентирање на ликовните дела, за соработка и полемика меѓу авторите, со што помогна за извонредно да се прикаже, приближи и квалификува тогашната состојба, размислувања и идеи во ликовнот живот во Република Македонија.

Share

За КИЦ на РСМ

E-mail: rmkic@yahoo.com

тел.: + 359 2 946 1492

ул. „Обориште“ 7, 1504 Софиja

Билтен

За информации и настани од сајтот

СИГУРНОСТ
Потврдувањето докажува дека сте реален корисник.

Календар

S M T W T F S
 
 
 
 
 
1
 
2
 
3
 
4
 
5
 
6
 
7
 
8
 
9
 
10
 
11
 
12
 
13
 
14
 
15
 
16
 
17
 
18
 
19
 
20
 
21
 
22
 
23
 
24
 
25
 
26
 
27
 
28
 
29
 
30