Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ го собира, обработува, штити и чува македонското културно наследство за идните генерации. Со градење и развој на националниот библиотечно-информациски систем, дигитализација на културното наследство од сопствените збирки, и со изработување на национална библиографија, обезбедува пристап in situ и од далечина, пред се за оние што се занимаваат со научноистражувачка работа, но и за сите кои се стремат кон збогатување на сопственото знаење и свестран личен развој.
Библиотеката дава поддршка и обезбедува извори на информации...