Во пријателска атмосфера на 19 јануари 2023, во КИЦ на РСМ во Софија, пред македонски и бугарски културни дејци, португалскиот уметник Рикардо Кварежма Виејра презентира дел од својата креативна преокупација. Средбата со португалскиот уметник, кој во 2012 година имаше свое самостојно претставување – изложба во „Мала станица“ во Скопје, предизвика интерес кај присутните, а во разговорите беше изразена волја за идни културни соработки со португалски ликовни автори во Северна Македонија, Бугарија и Португалија.