На 1 јуни во просториите на КИЦ, во присуство на голем број гости, писатели, издавачи, дипломати, новинари, беше промовиран романот „Неверство“ од Дејан Трајкоски во издание на издаваштвото „Парадокс“ од Софија.
Во име на КИЦ, присутните ги поздрави директорот Сашко Насев, а во име на Амбасадата, Н.Е. Агнеза Руси Поповска.
За книгата говореа Елена Алексиева и Дарина Анастасова.
Самиот автор покажа интерес за продалбочување на соработката меѓу бугарската и македонската помлада генерација писатели и изрази големо задоволство од приемот во Софија