На 7 јуни 2024 во галеријата на КИЦ во Софија се одржа втората вечер од „Петнаесеттата македонска книжевна визита во Софија“.
Вечерта започна со прикажувањето на документарниот филм, посветен на настанот Македонска книжевна визита во изминатите 15 години од нејзиното организирање, во Културно-информативниот центар во Софија. Филмот „15 години македонска книжевна визита во Софија“ прикажа мноштво моменти и лица вредни за паметење.
Втората клучна содржина од „Петнаесеттата македонска книжевна визита во Софија“ беше големиот македонско-бугарски поетски митинг на кој зедоа учество: Влада Урошевиќ, Маја Панајотова, Бранко Цветкоски, Димитар Христов, Јулијана Величковска, Николај Шопов, Димитар Башевски, Поли Муканова, Тихомир Јанчовски, Лора Динкова, Душко Крстевски, Иван Христов, Иван Антоновски, Тања Попова, Диме Ратајкоски, Петар Андасаров, Марија Велинова и Атанас Капралов.
На 8 јуни делегацијата од писатели ја посетија спомен куќата на бугарската поетеса Дора Габе во Софија.