Во организација на Културно-информативниот центар на Р. Македонија, во соработка со Соjузот на литературните преведувачи на Македонија, на 27 октомври во 18:30 часот во просториите на КИЦ се одржа изложба на книги "Македонски автори во превод на странски јазици". Изложбата беше претставена од Ташко Ширилов, главен уредник на месечникот "Огледало" при Сојузот на литературните преведувачи на Македонија.