На 30-ти Април (понеделник), 2018 година, во просториите на музеј „Борис Христов“ настапија македонските музичари Нинослав Димов на саксафон и Маја Поповиќ Караиванова на пијано. Тие изведоа дела од Зографски, Бужаровски, Санкан и Роберт Шуман.Публиката ја поздрави директорот на Културно-инфрмативниот центар на Република Македонија во Софија, д-р Сашко Насев. Ова беше третиот концерт во низа од програмите на конкурсот на Министерството за култура на РМ и вонреден успех на современите македонски исполнители на класична музика.