На 12 декември 2019 година во КИЦ на РСМ во Софија ќе биде отворена манифестацијата „Денови на македонската литература за деца 2019“. Настанот е инициран од издавачката куќа ЕДУКА МАК од Скопје и е поддржан од македонското Министерство за култура.
По време на манифестацијата ќе биде претставена литературата за деца и изданијата отпечатени во последните 3 години. За настанот се поканети автори на публикации, автори во списанието СУПЕР СМЕШКА, наградени автори на фестивалот на поезија за деца - проектот „СТИХУВАЛКИ 2018“, автори на илустрации и на голем број публикации. Преку „Деновите на македонската литература за деца“ се афирмира домашното литературно творештво и придонесува за збогатувањето на културната размена меѓу Северна Македонија и Бугарија
Издавачката куќа ЕДУКА МАК е специјализирана за издавање на литература за деца во која спаѓаат сликовници, книги со поезија и раскази, едукативни прирачници за деца, месечното списание за деца „СУПЕР СМЕШКА“ и други изданија. ЕДУКА МАК е единствена издавачка куќа во Република Северна Македонија која исклучиво се занимава со создавање и издавање на литература за деца.
ПРОГРАМА НА „ДЕНОВИ НА МАКЕДОНСКАТА ЛИТЕРАТУРА ЗА ДЕЦА 2019“ ВО СОФИЈА – 12, 13 и 14 ДЕКЕМВРИ:
- 12.12.2019 (четврток)
- 18.00: Отворање на манифестацијата „ДЕНОВИ НА МАКЕДОНСКАТА ЛИТЕРАТУРА ЗА ДЕЦА 2019“ со поздравен збор на директорот на КИЦ во Софија, д-р Сашко Насев;
- 18.15: Обраќање на м-р Ели Маказлиева - програмски уредник на проектот;
- 18.30: Презентација „Литературните и педагошките аспекти на литературата за деца во издание на ЕДУКА МАК“ : проф. д-р Анета Баракоска;
- 19.00-19.30: Промоција на наградената книга - сликовница за деца „ШЕПНИ МИ ПРИКАЗНА“ избрана на конкурсот по повод „Денови на македонската литература за деца 2019 – КИЦ во Софија“. За книгата ќе говорат: проф. д-р Анета Баракоска, Лила Арсова и Васка Јовановска и врачување на наградата - плакета за најдобра книга - сликовница „ДЕНОВИ НА МАКЕДОНСКАТА ЛИТЕРАТУРА ЗА ДЕЦА 2019“ на авторката д-р Ана Серафимовска.
- 13.12.2019 (петок)
- 10.30 – 12.30: Посета на детската градинка Д.Г. „195 Братя Мoрмaреви“ во центарот на Софија, размена на искуства и запознавање со изданијата – книгите за деца коишто се користат во градинката, претставување на македонските и бугарски автори кои пишуваат за децата; Работилници за практичната примена на прирачната литература за деца од предучилишна возраст; Вмрежување меѓу детски градинки од Бугарија и Македонија- тркалезна маса.
- 18.00 -18.30: Промоција на збирките – поезија за деца „СТИХУВАЛКИ 2018 / 2019“; Настап на некплку автори со свои творби;
- 18.30-19.00: Презентација на најпопуларна книга за деца и врачување на наградата: „ПАТУВАЛКА – ПИШУВАЛКА“, доделување признанија и благодарници на авторите и учесниците;
-14.12.2019 (сабота)
- 10.00 до 13.00: Посета на Меѓународниот саем на книгата во НДК- Софија, средби со писатели и потпишување меморандуми за соработка со неколку издавачки куќи специјализирани за литература за деца од Софија.