На 24 Април 2020, од Амбасадата на Република Северна Македонија во Софија, а со посредство на Црвениот крст на Република Северна Македонија, во соработка со Црвениот крст на Република Бугарија, беше испратена медицинска помош за Република Северна Македонија.
Пратката која што е донација од истакнати поединци и фондации содржи 500 скафандери, 500 визири, 500 заштитни очила. Исто така, донирани се и 5000 маски, 200 заштитни очила и 200 скафандери кои еднакво ќе бидат распределени на болниците во Струмица и Делчево.
Голема благодарност за тоа!