По отварањето на изложбата „Македонско учество на франкофонскиот фестивал „Солеј“ во Созопол“ на 03.07.2020, според сите протоколи на рабoтење во услови на пандемија, КИЦ на РСМ во Софија реализираше и перформанс со презентација и јавно читање на македонски драмски автори и делови од нивни пиеси на бугарски јазик. Деновиве на веб-сајтот нашиот Културно-информативен центар ќе биде објавен и видео запис од настанот. Сцените се од делата на Горан Стефановски, Дејан Дуковски, Југослав Петровски, Венко Андоновски...Режисерот и актер Ѓорги Георгиев-Антика и актерот Игор Дамјанов на маестрален начин го реализираа овој современ проект! Видео записот е на Георги Атанасов.