Во организација на Културно-Информативниот Центар на Р.Македонија, на 31 јануари во 15:00 часот во просториите на КИЦ беше промовирана едицијата "130 тома македонска книжевност на англиски јазик". Пригодно обраќање, по повод овој настан, имаше директорот на Културно-информативниот Центар, Васко Шутаров.
Овој капитален проект, низ 30.000 страници, низ сите жанрови, стилови и литературни вредности, претставува пресек и вистинска панорама на македонското литературно творештво.
130 тома македонска книжевност на англиски јазик, се веќе достапни за бројните читатели и членови на Библиотеката на Културно-информативниот Центар.