Почитувани пријатели, на 27 Април 2020 се навршуваат петнаесет години од отворањето на Културно-информативниот центар на Република Северна Македонија во Софија. По повод овој скромен јубилеј, во галеријата на КИЦ е поставена ретроспективна изложба на плакати од одржаните настани во КИЦ на Република Северна Македонија во последните 2 години. Автор на изложениот дел од плакатите, кои во изминатиот период информираа за различните културни настани, е ликовниот уметник Иво Пецов.
Целокупната програма одобрена од Министерството за култура на Република Северна Македонија за оваа година и настаните кои што требаше да се одржат во Март и Април, се одложени за периодот по крајот на кризата со КОВИД-19.
Преку фотографии би сакале да ја прикажеме атмосферата во галеријата на КИЦ, каде што е обновено осветлувањето, од библиотеката каде што се обновени библиотечните полици и да информираме дека КИЦ на Република Северна Македонија е во постојан контакт со своите колеги и институции за продолжување на активностите веднаш штом ќе се создадат услови за тоа.