Со македонската групна изложба "Конекција 2" на 3 јуни беше отворен 5 Фестивал на Франкофонијата "Солеј" во Созопол. Седум изложби, десет концерти, научни трибини и работилници, ликовна колонија, се дел од содржините на овој значаен фестивал, на кој свое учество имаат уметници од Франција, Белгија, Бугарија, Романија, Грузија, Мароко, Либан и за прв пат нашата земја. Културно-информативниот Центар на Р. МАкедонија во Софија за оваа прилика претстави дела на 11 македонски уметници, кои веќе 2 години заеднички настапуваат во концепцијата "Конекција 2" и преку нашиот Центар во Софија досега беа претставени на изложби во Велико Трново, Благоевград, Русе, Харманли, Пловдив и со две изложби во Софија.
Изложбата во Созопол ја отворија претседателот на општинскиот Совет на Созопол Красимира Германова, директорката на франкофонскиот фестивал "Солеј" Александрина Исајлова и директоррот на нашиот Центар во Софија, Васко Шутаров. За нашето прво претставување на фестивалот владееше голем интерес како о д публиката, така и од бугарските медиуми. Проектот "Конекција 2" е поддржан од нашето Министерство за култура.