XXV јубилејна изложба на уметниците од населбата „Изгрев“ 2020 - „Изгревот на творештвото - четвртина век“ беше свечено отворена на 4 ноември од 18 часот, во зградата на Интерпред, населба „Изгрев“, Софија
Изложбата е во организација на населба Изгрев, под покровителство на градоначалникот д-р Делјан Георгиев, а се спроведува со помош на Сојузот на бугарските уметници и Интерпред - СТЦ Софија АД.
Во свечениот дел на отворањето, како преставник на Амбасадата на Северна Македонија, присуствуваше г-н Владимир Крстевски.
Графиката „Ослободувачко средство“ на Иво Пецов може да се види во генералната селекција на споменатата групна изложба, во периодот помеѓу 4 и 27 ноември 2020 година.