Културно-информативниот центар на Р. Македонија во Софија на 14 фебруари ја претстави пред бугарската јавност македонската пијанистка Ана Гацева со концерт, кој се одржа во престижната Камерна сала- Бугарија. На програмата беа дела од Дејвис, Шуман, Барток и Гинастера.
Ана Гацева завршила пиано на ФМУ во Скопје на Универзитетот "Св.Кирил и Методиј". Магистрирала на истиот Универзитет. Гацева е првиот доктор по пиано интерпретација во Македонија. Светски познатата Sommer Akademie Mozarteum во Салзбург ја завршила во класата на проф.A.Delle Vigne. Во Париз дипломира и магистрира камерна музика на Ecole Normale de Musique A.Cortot. Ана Гацева од 2004 година работи како доцент по пиано на Факултетот за уметности во Тетово.