Во организација на Културно-информативниот центар на Р. Македонија, на 17 фебруари во 18:00 часот, во просториите на КИЦ беше промовиран зборникот на документи "Македонското прашање во советската надворешна политика (1922-1940)", проект реализиран под водство на д-р Владо Поповски и проф. Ленина Жила. Зборникот го промовираа д-р Зоран Тодоровски и д-р Светлозар Елдров (Институт за Балканистика при БАН).
Зборникот документи е заеднички проект на Архивот за надворешна политика на Руската Федерација, Правниот факултет при универзитетот "Св.Св.Кирил и Методиј" од Скопје и Историскиот Факултет при Московскиот универзитет "М.В. Ломоносов"