На 27 април со изложба на книги и со трибина на која учествуваа млади белетристи од двете земји, издавачи и преведувачи започнаа "Деновите на младата македонска проза" во Софија. На трибината која ја отворија Нове Цветаноски од име на книгоиздателството "Македоника литера" и Васко Шутаров од име на домаќинот на настанот КИЦ на Р. Македонија во Софија, се дебатираше за динамизирање на книжевната соработка меѓу двете земји, стимулирање на преведувањето и мерките кои нашето Министерство за култура ги превзема на тој план. На трибината учествуваа младите македонски автори Јулијана Величковска, Фросина Пармаковска, Верче Карафилоска, Михајло Свидерски, Живко Гроздановски, Давор Стојановски и Петар Андоновски.
На покана на книгоиздателството на Софискиот Универзитет, младите македонски писатели учествуваа истата вечер на поетско читање на кое беа претставени младите бугарски поети, а свое претставување имаше Јулијана Величковска.