На 12 мај, вториот работен ден од Македонската Книжевна визита на Софија, беше дебатирано по повод 25 годишнината од потпишувањето на првиот договор за соработка помеѓу Друштвото на писателите на Македонија и Сојузот на писателите на Бугарија. Во вториот дел од програмата, беше доделена традиционалната награда за преведуваштво, Македонски книжевен Дедал, која годинава ја доби бугарска писателка Тања Попова.
Беше представен и книжевен портрет на Иван Џепароски, за чие дело зборуваа Данило Коцевски, Димитар Христов и Бранко Цветкоски.