Од 13 до 15 мај, во соработка со ИК "Макавеј" од Скопје, се одржа традиционалната, деветта по ред "Македонска книжевна визита во Софија". Беа претставени книжевни портрети на Веле Смилевски за чие дело зборуваа Бранко Цветковски и Санде Стојчевски и портрет на доајенот на македонската книжевност за деца Стојан Тарапуза, за кого зборуваше проф. др. Кристина Николовска.
Македонската книжевна делегација, освен овие познти писателски имиња, беше во вистински репрезентативен состав: Раде Сиљан, Весна Ацевска, Иван Антоновски, Диме Ратајковски, Борче ПАнов и проф. Илија Велев. Традиционалната награда за промоција и афирмација на маедонската литература "Македонски книжевен Дедал" ја доби познатиот бугарски поет, литературен критичар и книгоиздател Иван Гранитски.