Културно-информативниот центар на Р. Македонија и Друштвото за издавачка дејност Макавеј - Скопје, во рамките на Третата македонска книжевна визита во Софија, на 16 мај во 11 часот, организираа книжевна трибина: Новите тенденции во македонската и бугарската литература.
На трибината земаа учество: Николај Петев, Блаже Миневски, Петар Караангов, Иван Гранитски, Димитар Христов, д-р Ангелина Марковска-Бановиќ, Иван Есенски, Бранко Цветковски, Кирил Милчев, Роман Кисјов и други. Со поздравен говор на книжевната трибина се обрати директорот на КИЦ на Р Македонија во Софија Доста Димовска. Исто така за прв пат беше врачена наградата за афирмација на македонската литература во Р. Бугарија "Македонски книжевен Дедал" на познатиот бугарски писател и претседател на Сојузот на бугарски писатели Николај Петев.