Во организација на Културно-информативниот центар на Р. Македонија и Државениот архив на Р. Македонија, на 27 јануари во 18:00 часот, во просториите на КИЦ се одржа изложбата Македонија низ вековите и истовремено се изврши промоција на најновите изданија на Државниот архив на Р.Македонија. Изложбата ја отворија директорот на архивот д-р Зоран Тодоровски и Цочо Билјарски експерт од Државната агенција-Архиви на Р. Бугарија.
Изложбата низ архивски документи, фотографии, илустрации и карти го представи целокупниот етнички, културен и историски развој што се случуваше во минатото на почвата на Македонија.