Долги аплаузи и бис измамија македонските музички уметници Емилија Потевска Попивода и Бранко Пaвлоски пред полниот салон на музичкиот центар "Борис Христов" на 18 октомври во Софија. НА програмата насловена како "Џез импресии" за пијано и кларинет, беа изведени "Рапсодијата во сино" од Џорџ Гершвин, "Историјата на тангото" од Астор Пјацола, "Сонатата" од Леонард Бернштајн и посебно впечатливата интерпретација на "Кончертино" од Анте Гргин. Во име на Амбасадата на Р. Мaкедонија во Софија, познатите македонски уметници ги поздрави и претстави директорот на македонскиот Центар во Софија Васко Шутаров. Концертот беше дел од годишната програма на центарот за 2016 година и финансиски беше поддржан од Министерството за култура на Р. Македонија.