Во организација на Културно-Информативниот Центар на Р.Македонија, на 08 мај во 19:00 часот во Националниот музеј "Земјата и луѓето" беше реализиран етно концерт од АНИП Стефче Стојковски од Скопје.
Ансамблот на Стефче Стојковски е основан 1997 година и е еден од најреномираните претставници на македонскиот фолклор и музичка традиција. Имаат настапувано ширум светот, низ сите балкански држави, цела Европа, Турција, Кина, далечниот исток, Јужна Кореа, Јапонија, Русија и Бразил. Носители се на бројни значајни македонски и меѓународни признанија и награди. На концертот во Софија, АНИП Стефче Стојковски во 90 минутна одбрана програма, се претставија со грст изворни народни песни од сите краишта на Р.Македонија.