На 16.12.2022 во КИЦ на РСМ гостуваше Театарот „Пи“ од Скопје, предводен од актерот Златко Митрески. Тие гостуваа на софискиот Фестивал на авторски театар – ФАТ со претставата „Ништо не е страшно” и освоија награди. Прво во КИЦ, а потоа во културниот центар „Топлоцентрала“, во прекрасен амбиент нашите млади актерки беа бурно поздравени од преполниот салон и гостите.
Во име на КИЦ на РСМ домакин беше директорот д-р Сашко Насев, а учесниците во име на Амбасадата ги поздрави Министер советникот г-дин Владимир Крстевски. Реализацијата на двата настана скромно ја помогнаа Адора инженеринг од Скопје и преставништвото на „Витаминка” од Прилеп во Софија.
Одлична соработка со младинскиот специфичен театар „Пи“ и Златко Митрески!