Македонскиот современ сликар Ѓорѓи Чулаковски - Ѓото се представи пред бугарската публика со самостојна изложба на графики и цртежи во Културно-информативниот центар на Р. Македонија на 24 јануари.
Ѓорѓи Чулаковски - Ѓото кој магистрирал на Ликовната Академија во Скопје, отсек графика, оваа година слави 35 години богато творешство, за кое што добил голем број меѓународни награди. Автор е на 20 самостојни изложби и над 100 колективни.