На покана на Организациониот совет на „Пловдив европска престолнина на културата 2019“, директорот на КИЦ на РСМ во Софија, д-р Сашко Насев присуствуваше на официјалното предавање на „престолот“ на градовите Риека, Хрватска и Голвеј, Ирска.
Во извонреден амбиент на Домот на културата „Борис Христов“ во Пловдив на 12.01.2020 година, со музичко-балетски перформанс, градоначалникот на Пловдив г-дин Димитров им ја предаде обврската на колегите од Хрватска и Ирска.