Културно-информативен центар на Р. Македонија во Софија и Институт за фолклор Марко Цепенков - Скопје на 3 јуни организираа изложба на изданија на Институтот, како и промоција на најновите изданија. На изложбата беа представени и делови од народни носии од депото на Институтот.
Институтот за фолкор беше представен од директорот д-р Севим Пиличкова, додека презентацијата на издавачката дејност беше направена од страна на д-р Клеанти Ановска. Истовремено беа промовирани и книгите: Фолклорот во Охридско-Струшкиот регион, од група автори научни работници во Институтот (книгата е наградена со највисоката државна награда "Гоце Делчев"), при што беше промовирана од д-р Боне Величковски и книгата Традицискиот народен календар на шопско-брегалничката етнографска целина од д-р Зоран Малинов. Книгата беше промовирана од д-р Петко Христов виш научен соработник во Етнографскиот Институт со Музеј од Софија.