Во организација на Културно-информативниот центар на Р. Македонија во Софија, во соработка со НУ Музеј на современа уметност- Скопје, на 9 октомври во 18:00 часот, во просториите на КИЦ се отвори изложба на уметнички фотографии под наслов "Еден", од современата македонска фотографка Ива Димеска.
Ива Димеска е родена 1980 година во Скопје, Македонија. Завршила Филозовски факултетот во Скопје. Специјализирала во Парис 2004 год. (Sipa Press-прес агенција за фотографија) и Њујорк 2006 год. (New York Institute of Photography-за дигитална фотографија). Учествувала на неколку самостојни и групни изложби, како и на неколку фестивали. Наградена е во Скопје, 2000, Форум. Работи како слободен фотограф.