Во организација на Културно-Информативниот Центар на Р.Македонија на 17 фебруари, во 18:30 часот во галерискиот простор на КИЦ беше отворена изложба на познатата македонска ликовна уметничка Симонида Филипова-Китановска "Црн зачин, добар за око". Изложбата ја отвори директорот на КИЦ на Р.Македонија во Софија г-дин Васко Шутаров.
Симонида Филипова-Китановска веќе години наназад остава силен и препознатлив белег на македонската и интернационална ликовна сцена, а портфолиото на најзиниот творечки опус го обележуваат стотина самостојни изложби, учества на групни изложби и ликовни колонии, ширум Европа и САД. Изложените дела во Културно-информативниот Центар на Р.Македонија во Софија, заокружуваат два циклуса слики представени на самостојни изложби во последните година и половина, од нејзиниот творечки опус.