Во преполна галерија на Друштвото на уметници на градот Русе на 6 март беше отворена изложбата Конекција-2, на која беа претставени преку 70 творби, на 9 македонски ликовни уметници. За уметниците и нивните дела зборуваа директорот на Македонскиот културен Центар во Софија Васко Шутаров, заменик градоначалникот на Општина Русе Иван Григоров, поетот и сликар Роман Кисјов и претседателот на Друштвото на уметници на Русе, Гeoрги Пасев. Интересот за делата на уметниците Марјан Ѕин, Иво Пецов, Слободан Милошески, Јорданчо Ристовски, Адриана Јовановска, Иван Стоименов, Зоран Мише, Горан Тричкоски и Павел Целкоски беше одразен и преку присуството на сите локални медиуми од Општина Русе како и од националната телевизија БНТ.
Изложбата во Русе беше отворена до 18 март.