КУЛТУРНО-ИНФОРМАТИВEН ЦЕНТАР НА РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА ВО СОФИЈА

  • Македонски
  • Български

Изложба „Метафизички слики“ во Културно-информативниот центар на Република Северна Македонија во Софија

КИЦ на РСМ во Софија, ул. „Обориште“ 7
20 Oct 2020 - 17:00
Изложба „Метафизички слики“ во Културно-информативниот центар на Република Северна Македонија во Софија (банер)

Изложбата „Метафизички слики“ на Иво Пецов ќе биде отворена на 20 октомври 2020 г. во Културно-информативниот центар на Република Северна Македонија во Софија на ул. „Обориште“ 7. Со 20 дела, изработени во техниката масло на платно, авторот ги разоткрива плодовите од својата дејност во последните 12 месеци.

„Оваа чудна година остави сериозни последици врз нашиот начин на мислење и комуницирање. Сликите кои ги претставувам се обид да се разреши загатката околу нашиот усет за слободата. Во нив се изразувам преку својот експресивен јазик, имајки потешкотии да бидам современ, додека истовремено многу повеќе ме привлекува безвременоста. Дефинитивно нашиот современ проблем го изврши своето влијание да ги создадам сликите, кои би го третирале моето чувството на изолираност во нашето COVID-19 време. Тоа време, кое е релативна категорија, се однесува кон просторот – кон предметите и симболите, кои го легитимираат и го прават распознатливо од искуството. Имено лоцирањето на времето врз линеарноста на неговиот тек кај мене е само загатнато, со намерно избрани оскудни симболи кои би напомниле за нашето совремие, за потоа набојот на творбата да го понесе гледачот кон сингуларноста на безвременоста. Совремието (кое покасно ќе е историја) е наводно тука и наводно постои, додека единственото безвременоста ја создава својата творечка реалност.

Можеби важен и значителен дел од сликите, кои ги имам создадено до сега, носат метафизичност во себе, заради мојата предодреденост да обраќам централно внимание врз метафизичките прашања, како: каква е улогата на човекот на Земјата, каква навистина ни е способноста за спознание на реалността и т.н., но ја нареков оваа изложба така бидејки во сите одделни творби има категорично единство од страна на естетичката насока. Во нив сум ја барал суштината на материјалноста, формата и времето, барајки ги одговорите надвор од нив, преку чистата свест. Тоа е и активно трагање – творечко трагање и продуктот од него се овие слики и изложбата која ја презентирам.“

Отворањето на изложбата ќе се одвива со почитување на мерките за справување со COVID-19. Во таа смисла ќе биде регулиран бројот на посетителите во изложбената сала, во која ќе биде важно да се одржува дистанца од 1,5 метри меѓу секој од посетителите. Заради големината на галеријата, во еден ист момент ќе можат да присуствуваат 10 -12 посетители кои ќе се задржуваат најмногу до 20 минути. За настанот се обезбедени дезинфектанти и помошници ќе внимаваат за настанот да помине без собирање на многу луѓе на едно место. Заштитните маски остануваат задолжителни.

Официјалниот дел на вечерта е предвиден за 17:00 часот, по што посетителите кои ќе дојдат покасно ќе можат да го видат видеото од официјалното обраќање на директорот и авторот.

По отворањето, изложбата ќе остане отворена и ќе може да се види во работно време на КИЦ на РСМ во Софија. Посетителите кои имаат интерес може да не информираат за своите намери на rmkic@yahoo.com или на телефон: 00 359 2 9461492

Share

Настани

За КИЦ на РСМ

E-mail: rmkic@yahoo.com

тел.: + 359 2 946 1492

ул. „Обориште“ 7, 1504 Софиja

Билтен

За информации и настани од сајтот

СИГУРНОСТ
Потврдувањето докажува дека сте реален корисник.

Календар

S M T W T F S
1
 
2
 
3
 
4
 
5
 
6
 
7
 
8
 
9
 
10
 
11
 
12
 
13
 
14
 
15
 
16
 
17
 
18
 
19
 
20
 
21
 
22
 
23
 
24
 
25
 
26
 
27
 
28
 
29
 
30
 
31