Синоќа (14 март), во Културно-информативниот Центар на Р.Македонија во Софија, беше отворена фото-изложбата "09:00-17:00" од младата уметничка по фотографија Елена Героска. Елена Героска пред публиката во Софија, ја претстави директорот на КИЦ на Р. Македонија во Софија, Васко Шутаров.
Изложбата наиде на одличен прием и пред публиката во КИЦ на Р. Македонија во Софија и во списанијата за култура и уметност во Р.Бугарија. Истоимената изложба, овој месец во рамките на проектот "Македонски фото-клуб" беше претставена и во Дрезден, Германија.