КУЛТУРНО-ИНФОРМАТИВEН ЦЕНТАР НА РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА ВО СОФИЈА

  • Македонски
  • Български

Изложба на Колектив Зеро во софиската One Gallery

Од 9 декември 2020 до 27 јануари 2021 година во софиската галерија за современа уметност One Gallery e поставена изложбата на македонскиот уметнички Колектив ЗЕРО. Заради рестрикциите во периодот, во врска со КОВИД-19, оваа изложба е достапна од 4 јануари, кога галеријата ги отвори вратите за посетителите. На изложбата се претставени уметничките дела од авторите: Миодраг Десовски, Перица Георгиев, Зоран Јаневски, Ацо Станковски, Беди Ибрахим Златко Трајковски, Стефан Шашков, Синиша Цветковски, Сашо Јовчевски и Горанчо Георгиевски.

Проф. Свилен Стефанов ја претстави изложбата на Колектив ЗЕРО во Софија со својот текст:

Постоењето на група „Зеро“ веројатно е најсериозниот доказ за случувањето на слободата во современата уметност во Македонија. Нејзиниот почеток треба да се бара некаде околу 1985 год., во време, кога насетувањето за целосната промена која доаѓа е се повеќе незаприливо. Се разбира, уште во претходната деценија може да се одбележат експерименталните дела од автори како Симон Шемов, Никола Фидановски и дуото Милош Коџоман и Драгољуб Бежан. Но изложбата на група „Зеро“ „Експресија, ѓест и акција“ од 1985 год. бележи кулминација на еден целосен процес од промени во културата, кои далеку не се однесуваат само до тогашна Република Македонија. Така работата на групата се поврзува со уметниците Беди Ибрахим, Миодраг Десовски, Перица Георгиев - Пепси, Татјана Миљовска, Ацо Станкоски, Игор Тошевски и Златко Трајковски. Нивното зборно место е „Галерия 7“, која се наоѓа во Старата скопска чаршија. Тоа се имињата и од каталогот на изложбата на групата во Келн, во 1990 год., која претставува прво презентирање на алтернативната македонска уметност надвор од државата.

„Зеро“ е едно ново поколение, кое намерно не поставува граници во однос на користењето изразни средства. Тоа не е случајно, доколку токму во 80-те години можеме да говориме за истовременото случување на сликарски нео-експресионистички постапки и концептуални стратегии, поврзани со инсталацијата, фотографијата и хепенингот. Можеби најкарактеристична црта на „Зеро“ се состои во отсуството на „стил“, целосно во духот на едно постмодерно еклектичко разбирање на уметноста како начин на слободно изразување на човековата личност. Затоа делувањата на групата може да бидат, како колективни, така и индивидуални – од мурали до перформанси. Не е случајно и нејзиното појавување на Венецијанското биенале во 2011 год., нешто кое говори дека „Зеро“ (и на локален, и на меѓународен план) веќе треба да се разгледува како класика.

Кога во 2019 год. зедов учество во изложбата со бугарски и македонски уметници, во Скопје (во „Мала Станица“ – Национална галерија на Македонија), за мене беше многу интересно да откријам дека група „Зеро“ работи и со автори од различни генерации. Тоа говори не просто за изминат пат во историјата на уметноста, но и за однос кон континуитетот во современата уметност. И особено сакам да одбележам, дека развојот на алтернативните сцени во Македонија и Бугарија содржи многу општи црти, кои до овој момент не биле објект на научно проучување. Во таа смисла оваа изложба на група „Зеро“ во софиската One Gallery е веројатниот чекор во насока кон заемно распознавање на слични иновативни процеси.

Изложба на Колектив Зеро во софиската One Gallery (фотографија)

Настани

Share

За КИЦ на РСМ

E-mail: rmkic@yahoo.com

тел.: + 359 2 946 1492

ул. „Обориште“ 7, 1504 Софиja

Билтен

За информации и настани од сајтот

СИГУРНОСТ
Потврдувањето докажува дека сте реален корисник.

Календар

S M T W T F S
 
1
 
2
 
3
 
4
 
5
 
6
 
7
 
8
 
9
 
10
 
11
 
12
 
13
 
14
 
15
 
16
 
17
 
18
 
19
 
20
 
21
 
22
 
23
 
24
 
25
 
26
 
27
 
28
 
29
 
30