На 1 декември во Мала станица во Скопје, беше отворена изложба на ликовната група "Конекција 2". На изложбата беа претставени дела на уметниците Иво Пецов, Марјан Ѕин, Зоран Мише, Перица Георгиев-Пепси, Горан Тричковски, Слободан Милошески, Јана Луловска, Маријана Иванова, Павел Целкоски и Јовица Миленов. Оваа уметничка концепција е иницирана и досега реализирана со бројни изложби во поголемите градови во Бугарија со поддршка на КИЦ на Р МАкедонија, го имаше своето прво претставување во Македонија. Домаќин на овој ликовен настан беше Националната галерија на Македонија од Скопје. Изложбата ја отвори Васко Шутаров од име на нашиот Центар во Софија и Горанчо Георѓиевски од име на домаќинот во Скопје.