На 3 јули 2020 година, со одобрение од Министерството за култура на Република Северна Македонија, а во склоп на програмските активности на КИЦ на РСМ во Софија, беше отворена групната изложба на слики од македонски автори, кои учествувале на Меѓународниот фестивал и Меѓународната сликарска колонија во Созопол од 2016 до 2019 година.
КИЦ на РСМ и Меѓународниот франкофонски фестивал „Солеј“ имаат извонредна соработка и оваа изложба е доказ за тоа. Изложени се дела од Андријана Мациев, Мирјана Крстевска-Массетти, Марјан Ѕин, Иво Пецов, Ивана Настески и Симонида Филипова Китановска.
Според строгите правила во услови на пандемија, на отворањето зборуваа д-р Сашко Насев и проф. д-р Димитар Веселинов, директор на фестивалот „Солеј“, а беа присутни дел од авторите, нивни колеги и културни дејци.
Изложбата може да биде посетена со претходна најава од поединци и со почитување на дистанца, дезинфекција и носење маска.