На 26 мај во Културно-информативниот Центар на Р. Македонија во Софија беше отворена изложба на репродукции на средновековни фрески, од колекцијата на Музеј на Македонија. Пред бројна публика и претставници од дипломатскиот кор, изложбата за отворена ја прогласија директорот на македонскиот Центар во Софија Васко Шутаров и директорката на Музеј на Македонија Мирјана Нинчовска. Автори на изложбата беа Марија Мурџева и Орце Ниневски.
На изложбата беа претставени 22 репродукции на фрески, кои датираат од периодот меѓу 10 и 14 век, а најстарата од нив е од црквата Св. 15 Тивериополски маченици и потекнува од 10 век. Фреските беа со препознатливи мотиви и композиции од Стариот и Новиот завет, литургиски сцени, ликови на црковни поглавари, просветители, локални светители, делови од нивните житија, поетски илустрации, теми со дидактичка порака, ктиторски композиции од Св. Софија во Охрид, Св. Ѓорѓи- Курбиново, Св. Димитрија - Варош, Св. Никола-Варош, Св. ПАнтелејмон - Нерези, Св. Богородица-Дивје, Св. Богородица - Перивлепта Охрид, Св. Ѓорѓи- Старо НАгоричане, Св. Богородица-Елеуса Вељуса.