КУЛТУРНО-ИНФОРМАТИВEН ЦЕНТАР НА РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА ВО СОФИЈА

  • Македонски
  • Български

Изложба на слики од авторите Марјан Ѕин, Свилен Стефанов и Иво Пецов во Куманово

НУ Центар за Култура „Трајко Прокопиев“ во Куманово
25 Jun 2021 - 19:00
Изложба на слики од авторите Марјан Ѕин, Свилен Стефанов и Иво Пецов во Куманово (банер)

Како дел од проектот „Поврзување“ на КИЦ на РСМ во Софија, со почеток од 19:00 часот, на 25 јуни 2021 во НУ „Трајко Прокопиев“ – Куманово ќе биде отворена изложбата на тројца автори: Марјан Ѕингаров, Свилен Стефанов и Иво Пецов. Изложбата се состои од над 30 сликарски дела во различни формати и техники. Поголем дел од сликите беа претставени во КИЦ на РСМ во Софија минатата 2020 година, како посебни самостојни изложби. Оваа изложба ги обединува ликовните дела на авторите кои се од РС Македонија, но кои живеат и работат во Бугарија, тоа се Марјан Ѕингаров (Струмица) и Иво Пецов (Виница), и делата на Свилен Стефанов од Софија, Бугарија.

Марјан Ѕингаров (1976, Струмица) дипломирал во 2002 г. и магистрирал во 2005 г. на Националната Ликовна Академија во Софија, Република Бугарија. Има реализирано осум самостојни изложби, во Македонија, Бугарија и Романија. Има учествувано на повеќе групни изложби во Македонија, Бугарија, Грција, САД, Англија, Шпанија, Швајцарија, Италија, Чешка, Романија.

На изложбата во Куманово учествува со делата насловени како „Изгубени простори“, со кои го претставува најкарактеристичното од своето творештво во последните неколку години.

За неговите дела во 2018 година Трајче Бјадов од Стумица го напиша следниот текст: „Човекот го нема, но тука е просторот. Каде исчезнал човекот? Се претопил ли во просторот? Или просторот станал човек? Изгубен во просторот. Изгубен во човекот. Изгубени, без можност за пронаоѓање оти се едно. Најтешко е да се најдеш себе. Сè укажува дека некогаш постоел човекот. Знаците се создадени од човек и се наменети за човек да ги одгатне. Што му останува на човекот кога го губи просторот? Времето? Просторот не е само простор. Времето не е само време. Времепростор е. Кога се губи просторот, исчезнува и времето. Во сликите на Ѕингаров просторот е тука и не е тука. Времето е тука и не е тука. Човекот е тука и не е тука. Тие се топоси на привременоста и одминливоста. Што останува откако сè исчезнало? Празнина? Загледајте ги добро сликите на Ѕингаров и пробајте да се најдете себе на одреден датум, во одредено време и простор. Ако не сте успеале, значи сте се изгубиле пред да се пронајдете, оти тие се создадени од она кое што го населува просторот откако човекот ќе го напушти просторот, и од она кое што е веќе во човекот: боја, контура, форма, симбол, емоција... Изгубени простори не е само деконструкција на просторот, туку и деконструлција на човекот. Соочени пред ненаселен простор, единствениот избор што човек го има е да се изгуби во него. За да може одново да ја најде идејата за себе.“

Свилен Стефанов (1966, Софија) е ликовен уметник, историчар на уметноста, критичар и куратор. Живее и работи во Софија. Своето академско образование го стекнал во Националната ликовна академија во Софија. Професор е по историја на уметноста на ХХ в. во Националната ликовна академија во Софија, доктор по теорија и историја на уметноста. Неговата приказна како уметник, куратор и критичар е сврзана со групата XXL, создадена во Софија во 1994 година.

„Моето сликарство е резултат од доволно долго искуство на полето на самата материјалност на оваа уметност, но неспоредливо повеќе, тоа е последица од моите занимања со теоријата и историјата на уметноста, како и со мојата дејност како ликовен уметник во 90-те, кога преферираните мои изразните средства беа фотографијата, текстот и перформансот. Уште во последната деценија од минатиот век бев меѓу основачите на идеологијата на групата XXL, преку која нашата современа уметност доби ново звучење, различно од постојните тогаш „социјалистички“ парадигми, или од наметнуваниот (од определени средини) како задолжителен за „современиот уметник“ неоконцептуализам. И денес, сосема со умисла, работам во полето на ликовното, кое е сврзано со традицијата, но тоа е повторно дел од моите разбирања за независност.

Моето сликарство е наративно и на прв поглед раскажува различни „истории“, но логичките нишки на таа тематичност се намерно прекинати. Во нив нема нешто кое по некаков начин би можело да биде обврзано со конкретност од животот. Суштината на мојата работа е длабоко вкоренета во истовремениот усет за божественост на битието и длабокиот сомнеж во сите идеологии, кои ја карактеризираат социјалната страна на современиот живот.“

Иво Пецов (1980, Кочани) своето академско образование го завршил во Софија, Бугарија на Националната Ликовна Академија, на одделот „Графика“, каде магистрира во 2005 година. Во 2010 година успешно докторира на истата академија, на одделот „Ѕидно сликарство“.

Како уметник е активен со многу учества на групни изложби, во различни градови во Македонија, Бугарија, Романија, Португалија, Шпанија. Тој има изложувано свои дела на повеќе од 15 самостојни изложби во Македонија, Бугарија, Романија, Португалија и Германија. Живее и работи во Софија, Бугарија

Неговите слики се дел од изложбата со наслов „Метафизички слики“ која во 2020 година ја претстави во Софија: „Оваа чудна година остави сериозни последици врз нашиот начин на мислење и комуницирање. Сликите кои ги претставувам се обид да се разреши загатката околу нашиот усет за слободата. Во нив се изразувам преку својот експресивен јазик, имајки потешкотии да бидам современ, додека истовремено многу повеќе ме привлекува безвременоста. Дефинитивно нашиот современ проблем го изврши своето влијание да ги создадам сликите, кои би го третирале моето чувството на изолираност во нашето COVID-19 време. Тоа време, кое е релативна категорија, се однесува кон просторот – кон предметите и симболите, кои го легитимираат и го прават распознатливо од искуството. Имено лоцирањето на времето врз линеарноста на неговиот тек кај мене е само загатнато, со намерно избрани оскудни симболи кои би напомниле за нашето совремие, за потоа набојот на творбата да го понесе гледачот кон сингуларноста на безвременоста. Совремието (кое покасно ќе е историја) е наводно тука и наводно постои, додека единственото безвременоста ја создава својата творечка реалност.

Можеби важен и добар дел од сликите, кои ги имам создадено до сега, носат метафизичност во себе, заради мојата предодреденост да обраќам централно внимание врз метафизичките прашања, но ја нареков оваа изложба така бидејки во сите одделни творби има категорично единство од страна на естетичката насока. Во нив сум ја барал суштината на материјалноста, формата и времето, барајки ги одговорите надвор од нив, преку чистата свест. Тоа е и активно трагање – творечко трагање и продуктот од него се овие слики и изложбата.“

Share

Настани

За КИЦ на РСМ

E-mail: rmkic@yahoo.com

тел.: + 359 2 946 1492

ул. „Обориште“ 7, 1504 Софиja

Билтен

За информации и настани од сајтот

СИГУРНОСТ
Потврдувањето докажува дека сте реален корисник.

Календар

S M T W T F S
 
 
 
 
 
1
 
2
 
3
 
4
 
5
 
6
 
7
 
8
 
9
 
10
 
11
 
12
 
13
 
14
 
15
 
16
 
17
 
18
 
19
 
20
 
21
 
22
 
23
 
24
 
25
 
26
 
27
 
28
 
29
 
30