На 22 Октомври беше отворена изложбата "Неспокој-Спокој" на Коле Манев, ликовен уметник, филмски работник и естетичар во уметноста.
Во својата богата уметничка кариера, Манев има реализирано преку 20 самостојни изложби, бројни групни изложби, а е добитник и на голем број награди за ликовна уметност. Носител на високо признание "Почесен витез на творештвото и уметноста" (2006) и државната награда "23 Октомври" во 2011 година.