КУЛТУРНО-ИНФОРМАТИВEН ЦЕНТАР НА РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА ВО СОФИЈА

  • Македонски
  • Български

Изложба „Пред екранот“ од проектот „Поврзување“ во Уметничка галерија „Станислав Доспевски“ во Пазарџик

На 17 октомври во Уметничката галерија „Станислав Доспевски“ во Пазарџик беше отворена изложбата „Пред екранот“, составена од дела на 21 автори од Македонија и Бугарија.

Изложбата од проектот „Поврзување“ во 2024 година ја составија тројца куратори – д-р Иво Пецов, Горанчо Ѓорѓиевски и д-р Сузана Николова. Автори на изложбата се: Маријана Иванова, Зоран Мише, Марјан Ѕингаров, Перица Георгиев – Пепси, Кољо Мишев, Павел Целкоски, Иво Пецов, Жанета Вангели, Ирена Паскали, Моника Мотеска, Ѓорѓе Јовановиќ, Зени Балажи, Вана Урошевиќ, Иванчо Талевски, Богдан Александров, Елизар Милев, Емил Бачијски, Иво Бистрички, Карина Попова, Свилен Стефанов и Слав Недев.

Присутните најпрво ги поздрави директорот на Уметничката галерија и музеј во Пазарџик, г-н Леон Бабачев, споделувајќи ги своите искуства од дружењето со македонските ликовните уметници, како и тоа дека во фондот на Галеријата веќе се наоѓаат дела од македонски уметници. Тој им посака топло добредојде на сите.

Обраќањето на д-р Иво Пецов содржеше информација за проектот и начинот на составувањето на изложбата, меѓу другото истакна:

„По иницирањето на проектот од моја страна и споделувањето на идејата пред моите колеги, сегашните куратори: Горанчо Ѓорѓиевски, куратор со сериозно искуство во Македонија, и доц. д-р Сузана Николова, истакнат специјалист од областа на современата бугарска уметност, работевме на тоа да создадеме изложба во која ќе се вклучат значајни имиња на уметници од двете земји, како и дела коишто ќе предизвикаат интерес и размисла.

Од вкупниот состав на авторите, можеме да истакнеме, дека сите претставени автори се наградувани, со богати творечки биографии, со голема уметничка активност. Една половина од авторскиот состав ја сочинуваат професори во ликовните академии во Бугарија, Македонија, САД и Косово. Можам да тврдам дека нивното творештво е во голем степен претставително за најдобрите квалитети во современата ликовна уметност во двете земји. Од тука сметам дека изложбата претставува дел од моменталните високи достигнувања во областа.“

Д-р Иво Пецов изрази особена благодарност на директорот на Галеријата, за неговата отвореност за соработка, како и на целата сплотена екипа на оваа институција. Тој исто така се заблагодари на Министерството за култура и Амбасадата на Северна Македонија во Бугарија.

Изложбата за официјално отворена ја прогласи г-ѓа Пејка Трајановска, советник во Амбасадата на Северна Македонија во Бугарија.

На настанот присуствуваа замениците на градоначалникот на Општина Пазарџик – г-ѓа Тања Колчакова-Јанева и г-н Нино Ненов, како и претставници од културниот живот во градот и љубители на ликовната уметност.

Изложбата во Пазарџик ќе остане отворена до крајот на ноември 2024 година.

Настани

17 Oct 2024 - 18:00

Во Уметничката галерија „Станислав Доспевски“ во Пазарџик, на 17 октомври (четврток) 2024 година, со почеток од 18:00 часот, ќе се одржи отворањето на ликовната изложба „Пред екранот“, составена од дела на 21 автори од Северна Македонија и Бугарија.

Структурата на претставените автори се состои од три дела....

Уметничка галерија „Станислав Доспевски“, Пазарџик
Share

За КИЦ на РСМ

E-mail: rmkic@yahoo.com

тел.: + 359 2 946 1492

ул. „Обориште“ 7, 1504 Софиja

Билтен

За информации и настани од сајтот

СИГУРНОСТ
Потврдувањето докажува дека сте реален корисник.

Календар

S M T W T F S
 
 
 
 
 
1
 
2
 
3
 
4
 
5
 
6
 
7
 
8
 
9
 
10
 
11
 
12
 
13
 
14
 
15
 
16
 
17
 
18
 
19
 
20
 
21
 
22
 
23
 
24
 
25
 
26
 
27
 
28
 
29
 
30