На 18 април Културно-информативниот центар на Р.Македонија во Софија ја организираше изложбата "Варијации" од ликовниот уметник Иво Пецов.
Изложбата ја отвори директорот м-р Васко Шутаров и истата беше поддржана од Министерството за култура на Р.Македонија.
Иво Пецов е од Виница, Р.Македонија, а своето ликовно образование го стекнува најнапред во средното уметничко училиште "Лазар Личеноски" во Скопје, дипломира на Националната ликовна академија во Софија, магистрира графика и докторира на тема ѕидно сликарство. Има организирано бројни самостојни изложби во Македонија, Бугарија и Португалија. Изложбата "Варијации" е негово прво претставување во Културно-информатвниот Центар на Р.Македонија во Софија.