Во организација на Културно-информативниот центар на Р. Македонија, во рамките на меѓународната соработка на Министерството за култура на Р.Македонија на 16 март се одржа концерт на македонскиот дувачки ансамбл "Консонанс", во Камерна сала "Бугарија", при Софиската филхармонија. На програмата беа дела од Ф.Фаркаш, Б. Барток, А.Рубцов, А.Феранте и од Љубомир Бранџолица.
Ансамблот "Консонанс" е формиран 2007 година и е една од ретките камерни формации од ваков вид во Р. Македонија, досега настапувале на неколку фестивали, одржале неколку концерти во земјата и странство. Во неговиот состав се: кларинетистите Здравко Ангелов, Игор Бакревски и Петар Христов, бас-кларинетистот Сашко Темелковски и на англиски рог Маја Чаначевиќ, директорката на Македонската филхармонија.