КУЛТУРНО-ИНФОРМАТИВEН ЦЕНТАР НА РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА ВО СОФИЈА

  • Македонски
  • Български

КИЦ на Република Северна Македонија учествува во одбележувањето на Европскиот ден на јазиците и настан во центарот на Софија на 30 септември

Градски парк до Народен театар, Софија
30 Sep 2023 - 10:00

По иницијатива на Советот на Европа секоја година на 26 септември се чествува Европскиот ден на јазиците. По повод Европскиот ден на јазиците, во оваа 2023 година, се одржува традиционалната онлајн игра од 6 до 30 септември, за која што информација може да се најде на: https://edl-bulgaria.eu/

На 30 септември, од 10 до 14:00 часот, во Градскиот парк спроти Народниот театар во Софија ќе бидат поставени штандови на одделните странски културни центри и амбасади во Бугарија, на кои посетителите ќе имаат можност да добијат повеќе информации за европските јазици и култури.

На македонскиот штанд своја програма за посетителите ќе води режисерот и актер Ѓорги Георгиев – Антика, придружуван од актерот Игор Дамјанов. Посетителите ќе имаат можност да се здобијат со брошури и каталози од Република Северна Македонија.

Македонскиот КИЦ во Софија за седми пат зема учество на овој значаен културен настан.

За повеќе информации од сајтот на Европскиот ден на јазиците: https://edl.ecml.at/ и на: https://www.facebook.com/translatingforeurope

Share

Настани

За КИЦ на РСМ

E-mail: rmkic@yahoo.com

тел.: + 359 2 946 1492

ул. „Обориште“ 7, 1504 Софиja

Билтен

За информации и настани од сајтот

СИГУРНОСТ
Потврдувањето докажува дека сте реален корисник.

Календар

S M T W T F S
 
 
 
 
 
1
 
2
 
3
 
4
 
5
 
6
 
7
 
8
 
9
 
10
 
11
 
12
 
13
 
14
 
15
 
16
 
17
 
18
 
19
 
20
 
21
 
22
 
23
 
24
 
25
 
26
 
27
 
28
 
29
 
30