На 7 септември 2022 во Софија се одржа „Ноќ на европската литература“ со која културната јавност се запознава со прозата и поезијата од Северна Македонија, Австрија, Белгија, Велика Британија, Германија, Шпанија, Италија, Полска, Шведска, Норвешка, Украина и Чешка. Меѓу гостите имаше писатели, интелектуалци, млади луѓе, дипломати…
Културно-информативниот центар на Северна Македонија со познатиот македонски писател Александар Прокопиев, кој ја претстави својата преведена книга на бугарски јазик „Човек во стаклено шише“ во издание на издавачката куќа „Книги за секого”. На секои половина час се менуваа гостите, на кои им беа претставени делови од книгата на авторот.