На 27 септември 2023 во Софија, како и во други градови во Бугарија, се одржа Европската ноќ на литературата, организирана од странските културни центри и амбасади во Бугарија, во соработка со Европската комисија и Општината на главниот град Софија.
Македонското место за читање („гнездо“) во Централното фоаје на Националниот студентски дом, каде што актерите Игор Дамјанов и Иван Тодоров читаа делови од книгата „Вештица“ на Венко Андоновски беше посетено од голем број љубители на литературата. Кратките делови од книгата предадоа информација на публиката за квалитетите и достоинствата на големиот македонски писател Венко Андоновски. Македонското место за читање беше едно од најпосетените, а посетителите покажаа несомнено огромен интерес кон ова литературно дело.
Публиката на секој половина час се променуваше, за да посети некое од местата на кои се читаше избрана книга. Од вкупно 21 неоддалечени места за читање („гнезда“), секој посебен посетител можеше да присуствува на најмногу 7 места, за времето на одржување на настанот од 18 до 21:30 часот.