На 27-ми Април, 2018 година, во Софија настапи „Балкан брас квинтет“ во просториите на Културно-информативниот центар на Република Македонија. Квинтетот е составен од академски музичари од Македонија (Стојанче Косовски, труба, Гоце Цоневски, труба и Александар Гошев, хорна) и Бугарија (Јавор Костов, тромбон и Бајо Стаев, туба). Концертот го отвори и ги поздрави присутните, директорот на КИЦ на РМ во Софија, д-р Сашко Насев.
Според присутните познавачи концертот бил вистинско мајсторство на овие инструменталисти кои на програмата имаа композиции од Хендел, Џамбазов, Зографски, Бернстајн, Гершвин, Жорж Бизе и други.