КУЛТУРНО-ИНФОРМАТИВEН ЦЕНТАР НА РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА ВО СОФИЈА

  • Македонски
  • Български

Концерт на „Камерно дуо“ во состав Арјана Куриу Груби на пијано и Блерим Груби на виола

ул. „Обориште“ 7, Софија
9 Oct 2018 - 18:30
Концерт на „Камерно дуо“ во состав Арјана Куриу Груби на пијано и Блерим Груби на виола (фотографија)

Концертот на „Камерно дуо“, составено од музичарите Арјана Куриу Груби (пијано) и Блерим Груби (виола), ќе се одржи во КИЦ на РМ во Софија на 9 октомври 2018 од 18:30 часот.

Во програмата на концертот се предвидени композициите на Рудолф Марош, Тонин Харапи, Рамадан Сокољи, Умер Скендери, Десар Суљејмани, Тиш Даија, Алберт Папаристо, Томислав Зографски, Ваљтон Беќири, Рауф Доми и Генц Тукиќи.

Арјана Куриу-Груби е родена во Тетово 1971 год. Дипломирала во приштинската Музичката академија, во 1994 година, во класата на проф. Лејла Пула-Хаѓиу. Во 2011 година, во Скопје, ги завршила последипломските студии во класата на проф. Тодор Светиев. Од 1994 година е редовен професор на Факултетот на уметности, отсек „Музика“ во УШТ –Тетово, каде го предава предметот „Пијано“.

Има бројни активности со своите ученици по пијано. На учествата на државните и интернационалните  натпревари има добиено први, втори или трети награди.

Пијанистката Арјана Куриу-Груби има многубројни заеднички настапи со виолистот Блерим Груби во Република Македонија и во странство.

Блерим Груби е роден во Скопје, во 1965 година. Во родниот град ги придобива своите први музички познавања, а во 1989 година, на скопскиот Факултет за музичка уметност при Универзитетот Килрил и Методиј дипломира во класата на проф. Лубомир Господинов. На истиот факултет, под менторство на проф. Лубомир Господинов, ги завршува и последипломските студии. Има студиски престој во Италија во годините 1994 и 1995, во Академијата „Chigana“, во Сиена.

После завршените студии почнува со работа во Македонска Филхармонија.

Блерим Груби едновремено ја развива својата солистичка дејност и учествува во камерни состави. Има многубројни настапи на фестивали во блиските балкански земји, но и во Италија, Германија, Австрија, Шпанија, Португалија, Норвешка, Јапонија и САД

Актуално е професор на Државниот универзитет во Тетово и во Приштинскиот универзитет, солист е на Косовската филхармонија, гудачкото трио „Косова“, ансамбл „Бахус-Скопје“.

Share

Настани

За КИЦ на РСМ

E-mail: rmkic@yahoo.com

тел.: + 359 2 946 1492

ул. „Обориште“ 7, 1504 Софиja

Билтен

За информации и настани од сајтот

СИГУРНОСТ
Потврдувањето докажува дека сте реален корисник.

Календар

S M T W T F S
1
 
2
 
3
 
4
 
5
 
6
 
7
 
8
 
9
 
10
 
11
 
12
 
13
 
14
 
15
 
16
 
17
 
18
 
19
 
20
 
21
 
22
 
23
 
24
 
25
 
26
 
27
 
28
 
29
 
30
 
31