На 13 октомври 2022 во КИЦ на РСМ во Софија се одржа концерт на Македонскиот брас квартет во состав: Стојанче Косовски – труба, Александар Златески – труба, Горан Јанев – хорна, Владан Дробицки – тромбон. На концертот присуствуваа гости од софискиот културен, музички и дипломатски живот, како и пријатели на КИЦ на РСМ во Софија.
По најавата од директорот на КИЦ д-р Сашко Насев, за прв пат Н.Е Агнеза Руси Поповска, амбасадор на Северна Македонија во Бугарија, се обрати пред присутните, посакувајќи им добредојде на концертот и изразувајќи надеж за уште многу плодна работа на КИЦ на РСМ во Софија.
На крајот од вечерта музичарите од Македонскиот брас квартет беа наградени со бурен аплауз од публиката, по што следеше бис.